• четврток, 26 декември 2024

Саем за студии во Франција во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Саем за студии во Франција во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Скопје, 28 октомври 2024 (МИА) - Саем за студии во Франција, ќе се одржи денеска во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје, во организација на Францускиот институт во Скопје и француската Агенција за високо образование Кампус Франс.

Овој традиционален настан официјално ќе биде отворен со поздравни говори на министерката за образование и наука, Весна Јаневска, амбасадорот на Франција,  Кристоф Ле Риголер и директорите на Националната агенција за европски образовни програми и мобилности – Еразмус+ Марко Ѓоргиевски и на НУБ „Св. Климент Охридски“ Јовица Никчевски.

Саемот претставува неизоставен настан за средба на македонските средношколци, студенти, универзитетски професори, кои сакаат да го продолжат своето високо образование во Франција, или пак да остварат универзитетска соработка.

- Ова е одлична можност да се добијат сите потребни информации за понудата на студиски програми директно од претставниците на француските универзитети присутни на саемот, како и информации за стипендии, студиски програми на англиски јазик и сите аспекти на студентскиот живот во Франција.

Кампус Франс Скопје ќе даде вовед и основни информации за пристапот до универзитетските студии во Франција (процедури за упис, трошоци, стипендии) по што ќе следи презентација на специјализираните школи за инженери: Centrale Lyon - ENISE – Висока школа за инженери во Лион (https://www.ec-lyon.fr/centrale-lyon/gouvernanceorganisation/ecole-interne-enise), Centrale Nantes – Висока школа за инженери во Нант (https://www.ec-nantes.fr/?l=0), INSA de Rouen – Државен институт за применети науки (https://www.insa-rouen.fr/).

На саемот ќе се претстават и универзитетите во Поатје (https://www.univ-poitiers.fr/),  во Лимож (https://www.unilim.fr/),  вот Каен Нормандија (https://www.unicaen.fr/), универзитетит Клод Бернар Лион 1 (https://www.univ-lyon1.fr/), Универзитетот за политички науки (https://www.sciencespo.fr/college/fr/vie-campus/campus/dijon).

Заинтересираните за студии во Франција ќе може да се запознаат и со Франкофонскиот центар за вработливост (CEF) при Филолошкиот факултет « Блаже Конески », Скопје (https://flf.ukim.mk/), а ќе може да ги проследат и презентациите на високите школи за менаџмент ISC Paris – Висока школа за надворешна трговија (https://www.iscparis.com/) и Y SCHOOLS – Висока школа за менаџмент, дизајн и туризам (https://yschools.fr/). соопштуваат од Францускиот институт во Скопје. вг/лв/

Фото: Француски институт Скопје

Остани поврзан