• петок, 30 август 2024

САД – Бразил, прва полуфинална двојка на олимпискиот турнир за одбојкарки

САД – Бразил, прва полуфинална двојка на олимпискиот турнир за одбојкарки

 

Париз, 6 август 2024 (МИА) – Бранителките на олимпиското злато од Токио, одбојкарките на САД, се пласираа во полуфиналето на Игрите во Париз победувајќи ја вечерва Полска со 3-0 (25-22, 25-14, 25-20) во четвртфиналето.

Во полуфиналето в четврток Американките ќе играат против Бразилките кои претходно денеска убедливо ја совладаа Доминиканската Република со 3-0 (25-22, 25-13, 25-17).

Тоа ќе биде реприза на финалето од Токио 2021, во кое Американките победија со 3-0 за својата прва титула.

Во првото четвртфинале Турција ја победи Кина со 3-2 (23-25, 25-21, 26-24, 21-25, 15-12) и првпат во историјата избори олимписко полуфинале.

Противник на турските одбојкарки ќе биде победникот од дуелот меѓу Италија и Србија. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан