• среда, 25 декември 2024

САД ќе формираат Форум на производители на „нулта“ емисии на штетни гасови

САД ќе формираат Форум на производители на „нулта“ емисии на штетни гасови
Вашингтон, 23 април 2021 (МИА) - Американското Министерство за енергетика соопшти денеска дека ќе се обиде да создаде Форум на производители на „нулта“ емисии на штетни гасови. Целта на Форумот е да се постигнат нето-нулта емисии на штетни гасови во светски размери преку „развој на долгорочни стратегии“. Канада, Норвешка, Катар и Саудиска Арабија ќе им се придружат на САД во овие напори. Треба да се напомене дека овие пет земји сочинуваат 40 отсто од целото производство на нафта и гас во светот. Форумот ќе се фокусира на „намалување на метанот, подобрување на циркуларниот пристап кон јаглеродната економија, развој и имплементација на чиста енергија и технологии за складирање на јаглерод, диверзификација при пресметка на приходите од јаглеводороди и други мерки согласно националните услови на секоја држава“, се наведува во соопштението на Министерството за енергетика на САД. гт/

Остани поврзан