• сабота, 23 ноември 2024

САД ќе набават 500 милиони дози вакцини за 100 земји до крајот на 2022 година

САД ќе набават 500 милиони дози вакцини за 100 земји до крајот на 2022 година
Вашингтон, 9 јуни 2021 (МИА) - Во договор со „Фајзер“ и „БиоНТек“, Белата куќа има план за набавка на 500 милиони дози вакцини против коронавирус за 100 земји во наредните две години, објави денеска Њујорк тајмс. Претседателот Џо Бајден треба да го најави овој договор утре, дознава весникот. Пред да се качи на „Ер форс уан“ денеска на своето прво патување во странство како претседател, Бајден укажа дека има стратегија за вакцинација на светот и дека ќе ја најави. Тој замина во Корнвал, Англија, каде ќе учествува на самитот на Г-7 најразвиени демократии. Според весникот, договорот предвидува САД да платат за вакцините по непрофитна цена. Првите 200 милиони дози ќе бидат испорачани годинава, 300 милиони ќе бидат пратени во 2022 година. Алберт Бурла, извршен директор на Фајзер, се очекува да биде со Бајден утре кога претседател треба да најави за ова. Покрај овој, САД веќе имаат направено друг договор за набавка на 300 милиони вакцини на „Фајзер“ и „БиоНТек“ кои се добиваат во две дози. Со новиот договор, САД всушност порачале 800 милиони дози. Координаторот на кризниот штаб за борба со коронавирусот, Џефри Зиентис, одговорен за глобална вакцинација, изјави денеска дека претседателот го користои „моментумот“ на американската кампања за имунизација „да ги обедини светските демократии за решавање на оваа криза глобално, со Америка како лидер за создавање арсенал од вакцини критичен во нашата борба против Ковид-19“. Петстотините милиони дози што САД ги порачале се многу помалку од 11 милијарди вакцини што според СТО се потребни за имунизација на целиот свет. кб/гт/

Остани поврзан