• среда, 25 декември 2024

САД ќе испратат 55 милиони дози вакцини против Ковид-19 во Јужна Америка, Азија и Африка

САД ќе испратат 55 милиони дози вакцини против Ковид-19 во Јужна Америка, Азија и Африка
Вашингтон, 21 јуни 2021 (МИА) - Белата куќа денеска го претстави планот за дистрибуција на 55 милиони дози вакцини против Ковид-19 во земјите ширум светот, како дел од програмата КОВАКС, а предвидено е околу 75 проценти да добијат државите од Јужна Америка и Карибите, како како и Азија и Африка. Со планот за дистрибуција на 55 милиони дози вакцини против ковид-19, американскиот претседател Џо Бајден ја исполнува обврската САД да дистрибуираат 80 милиони дози вакцини во земјите низ целиот свет. На почетокот на овој месец, Бајден ги најави приоритетите за распределба на првите 25 милиони дози. - Од преостанатите 55 милиони дози, 41 милиони дози ќе бидат распределени преку програмата КОВАКС, од кои околу 14 милиони дози ќе бидат испратени во Јужна Америка и Карибите, додека околу 16 милиони ќе бидат дистрибуирани во Азија и околу 10 милиони во Африка. Останатите 25 проценти, или околу 14 милиони дози, ќе бидат поделени според „регионалните приоритети“, кои ќе ги вклучат Колумбија, Аргентина, Ирак, Украина, Западен Брег и Појасот Газа, соопшѓти Белата куќа. Во соопштението се наведува дека приоритет при вакцинирањето треба да се лицата „кои се се изложени на најголем ризик, како што се здравствените работници“. Откако во САД се поголем број луѓе се вакцинирани против Ковид-19, администрацијата на Бајден се повеќе е насочена кон дистрибуција на вакцини во други земји. ми/

Остани поврзан