• среда, 27 ноември 2024

САД ќе инвестираат во нуклеарни реактори

САД ќе инвестираат во нуклеарни реактори
Вашингтон, 20 април 2022 (МИА) - САД ќе обезбедат шест милијарди долари за поддршка на комерцијални нуклеарни централи, каде постои закана од затворање поради финансиски тешкотии. Ваквиот потег, како што тврдат неименувани извори, е диктиран од потребата да се продолжи со користење на нуклеарната енергија. Затоа што таа не испушта јаглерод диоксид и помага во борбата против климатските промени. Сопствениците на таквите нуклеарни централи може да аплицираат за дополнително владино финансирање. Сега има 55 нуклеарни централи во 28 американски сојузни држави. Вкупниот број на реактори кои работат е 93. Голем дел од нив се изградени пред 1990 година, а нивното одржување, од неодамна стана многу скапо. бд/ми/ 

Остани поврзан