• четврток, 26 декември 2024

САД ќе имунизираат сто милиони луѓе во првиот квартал на 2021 година

САД ќе имунизираат сто милиони луѓе во првиот квартал на 2021 година
Вашингтон, 13 декември 2020 (МИА) - САД очекуваат да имунизираат 100 милиони луѓе со вакцината против коронавирус до крајот на првиот квартал од следната година, изјави денеска шефот на американската програма за брз развој на вакцината против коронавирус, д-р Монсеф Слауи. „Ќе имунизираме 100 милиони луѓе до крајот на првиот квартал од 2021 година“, рече Слауи во интервју за Фокс њуз Сандеј. Тој изјави дека Соединетите Американски Држави се надеваат дека ќе имаат околу 40 милиони дози вакцини до крајот на декември, уште 50 до 80 милиони во јануари и исто толку во февруари. За имунизација е потребно двапати да се прими вакцината. паг/

Остани поврзан