• сабота, 23 ноември 2024

САД ќе донира 60 милиони вакцини против Ковид-19 на други земји

САД ќе донира 60 милиони вакцини против Ковид-19 на други земји
Вашингтон, 27 април 2021 (МИА) - САД ќе го дистрибуираат целиот контингент на вакцини Астра Зенека на други земји веднаш штом вакцината ќе ја помине ревизијата на федералните здравствени служби, а станува збор за околу 60 милиони дози што ќе бидат донирани во наредните месеци, соопшти Белата куќа. Овој потег ги проширува плановите на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден за дистрибуција на четири милиони дози вакцини во Мексико и Канада. Астра Зенека се користи во голем дел во светот, но сè уште не е одобрена од американската Администрација за храна и лекови (ФДА) во САД. Белата куќа се реши на овој чекор откако беше обновенено вакцинирањето со Џонсон и Џонсон, а освен тоа, Американците можат да добијат вакцини на Фајзер и на Модерна. - Со оглед на големиот број на вакцини кои веќе се даваат во САД и се одобрени од ФДА, а бидејќи Астра Зенека не е одобрена за употреба во САД, нема да ни требаат вакцините од Оксфорд во следните неколку месеци. Затоа, САД бараат опции што побрзо да ги споделат дозите на Астра Зенека со други земји - изјави координаторот на Белата куќа за Ковид-19 Џеф Зајентс. Околу десет милиони дози на Астра Зенека треба да поминат ревизија на ФДА за да се исполнат стандардите за квалитет на производот, додаде Зајентс. - Тој процес може да заврши во следните неколку недели. Уште 50 милиони дози се во различни фази на производство и ќе можат да бидат испорачани во мај и јуни, во зависност од дозволата на ФДА - изјави претставникот на Белата куќа. Сè уште не е познато каде ќе бидат испорачани дозите на Астра Зенека. Дозите ќе ги донира американската влада, која се договори со британско-шведската компанија за 300 милиони дози, иако Астра Зенека наиде на проблеми во производството и испораката. ссм/

Остани поврзан