• четврток, 26 декември 2024

САД, Јужна Кореја и Јапонија повикаа на поголем меѓународен притисок врз Северна Кореја за ограничување на нејзината нуклеарна програма

САД, Јужна Кореја и Јапонија повикаа на поголем меѓународен притисок врз Северна Кореја за ограничување на нејзината нуклеарна програма

Сеул, 9 декември 2023 (МИА) - Советниците за национална безбедност на Соединетите Американски Држави, Јужна Кореја и Јапонија денеска одржаа трилатерален состанок, од кој упатија повик за поголем меѓународен притисок врз Северна Кореја да ги ограничи нејзините програми за нуклеарен и ракетен развој, нејзините кибер кражби и нејзините наводни испораки на оружје за Русија.

Состанокот во Сеул се случи во време на најголемата ескалација на тензиите на Корејскиот Полуостров во последните години, при што Ким Џонг-ун сè повеќе се фали со својата нуклеарна доктрина, која дозволува употреба на нуклеарно оружје. 

Покрај тоа, Вашингтон, Сеул и Токио изразија загриженост поради можниот договор за оружје меѓу Северна Кореја и Русија. Трите земји-сојузнички се загрижени дека Ким ја снабдува Русија со многу потребната муниција за војната на рускиот претседател Владимир Путин во Украина. За возврат, Русија обезбедува технологија за да помогне во развојот на нуклеарното оружје на Северна Кореја.

По состанокот во Сеул, советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, рече дека Вашингтон работи со Сеул и Токио на зајакнување на одбранбената соработка и подобро да се подготви за одмазда против севернокорејските нуклеарни ракетни тестови и вселенски активности, и во оваа смисла размена на информации во реално време за лансирање на проектили од Пјонгјанг. Размената на информации треба да започне овој месец, но датумот не е наведен. ссм/

фото: архива

Остани поврзан