• среда, 25 декември 2024

САД ја почнаа својата најголема поморска вежба по Студената војна

САД ја почнаа својата најголема поморска вежба по Студената војна
Вашингтон, 3 август 2021 (МИА) - САД  денеска ја започнуваат својата најголема поморска вежба во изминатите 40 години, за која аналитичарите велат дека има за цел да испрати порака до Русија и Кина дека Америка може да одговори на агресијата на многу фронтови одеднаш, пишува американското издание „Старс енд Страјпс“. Вежбата, наречена Large Scale Exercise 2021, е враќање на слични маневри од Студената војна во 80-те, демонстрирајќи решителност и нов потенцијал, соопшти Командата на американската морнарица за Европа и Африка и Шестата флота на САД. Вежбата ќе трае до 16 август и ќе опфати 17 временски зони. Во неa ќе бидат вклучени 36 бродови, како и воен и цивилен персонал. Во првата вежба од ваков вид ќе бидат вклучени само американски војници, но во иднина се планира вклучување на сојузници и партнери во такви маневри, соопшти морнарицата. зш/

Остани поврзан