• недела, 17 ноември 2024

САД, Јапонија и Јужна Кореја изразија загриженост за потенцијалната воена соработка меѓу Русија и Северна Кореја

САД, Јапонија и Јужна Кореја изразија загриженост за потенцијалната воена соработка меѓу Русија и Северна Кореја

Вашингтон, 14 септември 2023 (МИА) - САД, Јапонија и Јужна Кореја изразија „загриженост“ за потенцијалната воена соработка меѓу Русија и Северна Кореја по средбата на лидерите на двете земји, пренесоа агенциите.

-Очигледно сме загрижени за какви било нови одбранбени односи меѓу Северна Кореја и Русија, изјави за новинарите портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби.

Службеникот на Стејт департментот Метју Милер, исто така, изрази загриженост за каква било соработка на полето на сателитите, што би било „прекршување на неколку резолуции на Обединетите нации (ОН).

Јапонија укажа на ризикот од „прекршување“ на санкциите на ОН против Северна Кореја.

-Со загриженост ја следиме ситуацијата, особено затоа што постои „можност тоа да доведе до кршење на забраната на Советот за безбедност на ОН за трансакции со оружје со Северна Кореја, изјави јапонската министерка за надворешни работи Јоко Камикава.

И министерот за обединување на Јужна Кореја задолжен за односите со Северна Кореја изрази загриженост за воената соработка меѓу Пјонгјанг и Москва. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан