• сабота, 16 ноември 2024

САД со санкции против повеќе лица поради поткопувањето на демократските процеси во Грузија

САД со санкции против повеќе лица поради поткопувањето на демократските процеси во Грузија

Вашингтон, 16 септември 2024 (МИА) - САД воведоа санкции против двајца грузиски владини функционери, двајца екстремисти, и спремаат мерки против уште 60 лица од Грузија одговорни за поткопувањето на демократските процеси во оваа земја.

Под санкции се началникот на Одделот за специјални задачи при Министерството за внатрешни работи, Звиад „Хареба“ Харазишвили, и еден од неговите заменици, Милери Лагазаури, поради нивната вклученост во сериозни злоупотреби на човековите права при насилниот одговор на мирните протести против законот за странско влијание. Исто така, санкционирани се и двајца грузиски лидери на екстремистичка група, Константин Моргошија и Зураб Махарадзе, поради сериозни злоупотреби на човековите права, вклучувајќи насилни напади врз Грузијци кои биле на слободен и мирен собир.

-Стејт департментот презема дополнителни чекори за воведување визни ограничувања за повеќе од 60 лица од Грузија и нивните членови на семејствата, кои се одговорни за или се соучесници во поткопувањето на демократијата во Грузија. Овие лица вклучуваат високи владини и општински фигури кои ја злоупотребиле својата моќ за да ги ограничат основните слободи на грузискиот народ, бизнис лидери вклучени во коруптивни практики, лица кои ширеле дезинформации и промовирале насилнички екстремизам, припадници на безбедносните сили кои учествувале во тепање на демонстранти и членови на парламентот кои одиграле клучна улога во напредување на недемократското законодавство и ограничување на граѓанското општество, се вели во денешното соопштение од државниот секретар Ентони Блинкен.

Блинкен истакна дека САД се загрижени за злоупотребите на човековите права и антидемократските дејствија во Грузија и продолжуваат со дополнителни мерки во одговор на ова.

-Соединетите Американски Држави недвосмислено ги поддржуваат правата на Грузијците да се собираат, зборуваат и мирно протестираат без страв од насилство, заплашување или репресија, истакна тој. кб/

 

Остани поврзан