• сабота, 16 ноември 2024

САД со санкции против конзорциумот Intellexa кој продавал шпионска технологија на авторитарните режими

САД со санкции против конзорциумот Intellexa кој продавал шпионска технологија на авторитарните режими

Вашингтон, 16 септември 2024 (МИА) - САД денеска наметнаа санкции против конзорциумот Intellexa, сложена меѓународна мрежа на децентрализирани компании кои развиваат комплетна палета на инвазивни шпионски програми и продолжуваат да ги продаваат овие производи на автократски режими и злоупотребувачи на човекови права низ целиот свет.

-Соединетите Американски Држави нема да толерираат злоупотреба на технологии кои ја поткопуваат националната безбедност на Американците или на нашите сојузници, ниту пак ќе толерираат злоупотреба на технологии за вршење на злоупотреби на човековите права или за поткопување на слободата на изразување. Воведуваме санкции против пет лица и едно правно лице поврзани со конзорциум Intellexa за нивната улога во развојот, работењето и дистрибуцијата на комерцијална шпионска технологија која е злоупотребена за таргетирање на Американци, вклучувајќи и функционери на Владата на САД, новинари и политички експерти, Метју Милер, портпарол на Стејт департментот, изјави денеска во соопштение.

Тој додаде дека САД остануваат цврсти во својата посветеност да ги користат сите достапни алатки за спротивставување на злоупотребата на софистицирани технологии за надзор.

-Овие санкции се надоврзуваат на претходните санкции објавени на 5 март, како и на други мерки за одговорност, вклучувајќи извозни контроли и визни ограничувања. Ќе продолжиме да се спротивставуваме на ширењето и злоупотребата на комерцијална шпионска технологија додека создаваме патека за одговорен развој на технологии кои се во согласност со заштитата на човековите права, приватноста и демократските вредности ширум светот. кб/

 

Остани поврзан