• четврток, 24 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

САД со санкции врз иранска нафтена мрежа за дополнителен притисок врз Техеран

САД со санкции врз иранска нафтена мрежа за дополнителен притисок врз Техеран

Вашингтон, 9 април 2025 (МИА) - САД денеска воведоа нови санкции против кинески и други компании поради трговија со иранска нафта.

Стејт департментот на САД воведе санкции против кинеска компанија за купување иранска сирова нафта, како и против три компании за управување со бродови вклучени во транспорт на ирански нафтени производи. Два брода се идентификувани како блокирана сопственост.

Паралелно, Министерството за финансии санкционираше субјекти од ОАЕ и Индија и блокираше речиси 30 брода поврзани со извоз на иранска нафта.

Вашингтон ја продолжува политиката на максимален притисок врз Иран, со цел да го спречи пристапот до нуклеарно оружје и да го ограничи извозот на нафта, особено кон Кина. кб/

Остани поврзан