• среда, 25 декември 2024

САД со поддршка за Филипините по „повторното малтретирање“ од Кина во Јужното Кинеско Море

САД со поддршка за Филипините по „повторното малтретирање“ од Кина во Јужното Кинеско Море

Вашингтон, 23 октомври 2023 (МИА) - Соединетите Американски Држави ги поддржуваат Филипините против, како што го нарекуваат, „повторното малтретирање“ од Кина во Јужното Кинеско Море, соопшти американскиот Стејт департмент, нарекувајќи ги дејствијата на Кина како „опасни и „незаконски“.

Кина и Филипините разменија обвинувања во врска со застојот во спорните води на Јужното Кинеско Море, откако кинески бродови ги блокираа филипинските бродови што ги снабдуваат силите таму.

Во последните месеци, двете земји имаа бројни судири во Јужното Кинеско Море, особено во близина на спорниот гребен кој е дел од архипелагот Спратли. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан