САД со нов предлог за прекин на огнот во Газа, отстранети се разликите во ставовите
- Во него се потенцира дека со измените се овозможува брзо спроведување на договорот, во согласност со принципите изложени од претседателот на САД Џо Бајден на 31 мај.
Доха, 16 август 2024 (МИА) - Соединетите Американски Држави денеска претставија нов предлог за прекин на огнот во Газа, со кој се отстрануваат преостанатите разлики во позициите, се наведува во заедничкото соопштение на Египет, Катар и САД.
Во него се потенцира дека со измените се овозможува брзо спроведување на договорот, во согласност со принципите изложени од претседателот на САД Џо Бајден на 31 мај.
Соопштението е објавено по средбата на преговарачите во Доха, која се одржа вчера и денеска. ссм/
фото: архива