• среда, 18 март 2026

САД со нови санкции кон Иран

САД со нови санкции кон Иран

Вашингтон, 25 февруари 2026 (МИА) – Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп денеска воведе нов пакет санкции за поединци и компании кои работат на развој на иранската балистичка програма, произведуваат дронови и незаконски продаваат нафта.

Санкционирани се 30 поединци, компании и бродови во сенка.

Санкциите се воведени еден ден пред новата рунда преговори помеѓу САД и Иран за нуклеарната програма на Техеран. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан