• среда, 25 декември 2024

САД се координираат со Албанија и Катар за бегалците од Авганистан 

САД се координираат со Албанија и Катар за бегалците од Авганистан 

 

Вашингтон, 3 февруари 2023 (МИА) Помошничката државен секретар за население, бегалци и миграција, Џулијета Валс Нојес, од 4 до 10 февруари патува за Албанија и Катар каде ќе се координира со домаќините на тие земји околу состојбата со бегалците од Авганистан, соопштија денеска од американскиот Стејт департментот. 

-Помошничката секратар Нојес ќе се сретне со владини официјални лица и партнери од меѓународни организации околу процесот со примање на бегалци, а ќе има средби и со Авганистанците кои чекаат преселување во САД, се вели во соопштението.  

Албанија и Катар се едни од повеќето земји кои примија илјадници бегалци од Авганистан кои побегнаа од режимот на талибанцита, а по повлекувањето на војската на САД од оваа земја во август 2021 година, по војната што Вашингтон ја водеше таму две децении. кб/  

Остани поврзан