• сабота, 16 ноември 2024

САД се загрижени поради продлабочувањето на односите меѓу Русија и Северна Кореја, соопшти Белата куќа

САД се загрижени поради продлабочувањето на односите меѓу Русија и Северна Кореја, соопшти Белата куќа

Вашингтон, 17 јуни 2024 (МИА) - Белата куќа изрази загриженост поради продлабочувањето на односите меѓу Русија и Северна Кореја во момент кога рускиот претседател Владимир Путин се подготвува да го посети Пјонгјанг.

Портпаролот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби изјави за новинарите дека веројатно посетата е дел од кампањата на Путин да добие поддршка по изборите во Русија.

„Она што не загрижува е продлабочувањето на односите меѓу овие две земји, и тоа не само поради влијанието што тоа ќе го има врз украинскиот народ, бидејќи знаеме дека севернокорејските балистички ракети продолжуваат да се користат за напади врз цели во Украина, туку и поради тоа што може да има некаков реципроцитет што влијае на безбедноста на Корејскиот полуостров“, рече Кирби.

Претходно денеска Кремљ објави дека рускиот претседател ќе ја посети Северна Кореја на 18 и 19 јуни, а потоа и Виетнам на 19 и 20 јуни. рп/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан