• сабота, 23 ноември 2024

САД: Седум држави постигнаа договор за штедење на вода од реката Колорадо

САД: Седум држави постигнаа договор за штедење на вода од реката Колорадо

Лос Анџелес, 22 мај 2023 (МИА) – Седум американски држави долж реката Колорадо погодена од суша постигнаа „историски“ договор со администрацијата на Бајден за да се спречат проблеми со снабдувањето за големите градови како Лос Анџелес и Феникс, и за земјоделците.

Според договорот, Аризона, Калифорнија и Невада ќе земат 3,7 милијарди кубни метри помалку вода до крајот на 2026 година, соопшти денеска американското Министерство за внатрешни работи. За 13 отсто помала потрошувачка во следните три години, тие сојузни држави ќе добијат околу 1,2 милијарди долари компензација, јави „Вашингтон пост“, цитирајќи луѓе запознаени со преговорите.

По речиси една година, привремениот договор би требало да спречи нивото на водата да падне под критичните нивоа во езерата Пауел и Мид, најголемите резервоари за вода за пиење во САД.

Околу 40 милиони луѓе и 30 племенски народи зависат од басенот на Колорадо за вода за пиење и електрична енергија. Мексико исто така користи вода од реката, а земјоделците кои се потпираат на неа ги снабдуваат националните и меѓународните системи за храна.

Вајоминг, Колорадо, Јута и Ново Мексико во горниот тек и Калифорнија, Аризона и Невада во долниот тек, кои ја делат водата од Колорадо со меѓусебен договор, со месеци се обидуваат да договорат договор за намалувања. Федералните власти побараа потрошувачката на вода да се намали за 15 до 30 проценти во следната година. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан