• вторник, 24 декември 2024

САД: Русија наскоро би можела да објави референдум во окупираниот дел на Украина

САД: Русија наскоро би можела да објави референдум во окупираниот дел на Украина
Вашингтон, 24 август 2022 (МИА) - Портпаролот на Советот за национална безбедност при Белата куќа Џон Кирби денеска изјави дека Русија оваа недела би можела да распише референдум во окупираниот дел на Украина, за да ја оправда анексијата на украинските територии. „Имаме информации дека Русија продолжува да подготвува лажни референдуми за приклучување кон сепаратистичките региони Доњецк и Луганск во Херсон, како и во Харков“, рече Кирби.
Тој додаде дека САД ќе го сметаат за нелегитимен „секој обид за контрола на некој дел од суверената територија на Украина“. паг/

Остани поврзан