• вторник, 24 декември 2024

САД: Русија и Кина со клевети против американските вакцини

САД: Русија и Кина со клевети против американските вакцини
Вашингтон, 16 јули 2021 (МИА) - Русија и Кина ги промовираат свои вакцини против коронавирусот преку обиди за клевета на слични американски лекови, соопшти Белата куќа, повикувајќи се на констатациите на Стејт департментот. - Тоа не е само конкуренција на вакцините: ризикот и влијанието се дека овој вид дезинформации се сведува на претерување со несаканите ефекти на западните вакцини, изјави на брифинг портпаролката на претседателската администрација, Џен Псаки. Според неа, јавноста е доведена во заблуда со лажните тврдења дека иРНК вакцините не поминале тестови и се опасни. - Кина исто така тврди дека САД ... не дозволуваат други земји да купуваат вакцини, и покрај доказите за спротивното. Ширењето на тврдењата дека одобрените лекови се неефикасни и не помагаат ... е штетно, нагласи Псаки. гт/

Остани поврзан