• недела, 28 јули 2024

САД: Роберт Патинсон позитивен на коронавирус

САД: Роберт Патинсон позитивен на коронавирус
Лондон, 4 септември 2020 (МИА) - Холивудскиот глумец Роберт Патинсон бил позитивен на тестот за коронавирус, пренесуваат „Венити фер“ и „Холивуд рипортер“, повикувајќи се на неименувани извори. Поради тоа, и снимањето на новиот филм „Бетмен“ е прекинато, само неколку дена откако продолжи работата во студиото близу Лондон, Англија. Продукциската куќа Ворнер Брос потврди дека снимањето на „Бетмен“ е привремено запрено и оти „еден член на тимот“ бил позитивен на Ковид-19, но не откри за кого станува збор. Прикажувањето на филмот е закажано за 1 октомври 2021 година. си/ссм/

Остани поврзан