• среда, 18 декември 2024

САД: Режимот во Сирија би можел да падне во следните неколку дена

САД: Режимот во Сирија би можел да падне во следните неколку дена

Вашингтон, 7 декември 2024 (МИА) - Официјални лица во администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден очекуваат дека режимот на Башар ал Асад може да падне за неколку дена, изјавија пет американски претставници за Си-Ен-Ен.

Ако американската анализа се покаже како точна, тоа би претставувало спектакуларно брз пад на сирискиот претседател по војната што започна во 2011 година и која стагнираше до минатата недела. Американските извори предупредија дека нема официјална проценка за судбината на Асад и дека ставовите се различни

- Постои се поголем консензус дека ова е се поверојатно сценарио“ рече еден висок американски функционер. - Веројатно до следниот викенд режимот на Асад ќе изгуби секаков привид на моќ, рече друг.

- Единственото нешто што би го одложило триумфот на бунтовниците би било добро оркестриран пуч и реорганизација, но луѓето на Асад однапред ги уништија сите потенцијални конкуренти, додаде функционерот. ссм/

фото: архива

Остани поврзан