• сабота, 23 ноември 2024

САД прогласи мораториум на смртната казна

САД прогласи мораториум на смртната казна
Вашингтон, 2 јули 2021 (МИА) - Американскиот државен обвинител Мерик Гарланд прогласи мораториум за спроведување на смртна казна на федерално ниво и побара ревизија на постапката за смртна казна. - Постои сериозна загриженост во врска со продолжувањето на егзекуциите во САД, вклучително и произволно користење, влијание врз малцинствата и загрижувачки голем број ослободителни пресуди за смртни случаи и други сериозни кривични дела. Сето ова бара внимателно разгледување и проучување од страна на законодавците, рече Гарланд . Мораториумот ќе продолжи додека се разгледуваат релевантните постапки на Министерството за правда. „Министерството за правда мора да осигури дека сите во федералниот казнен систем не добиваат само права според Уставот и законите на САД, туку и фер и хуман третман“, рече јавниот обвинител. Во САД, смртната казна е дозволена на федерално ниво, но 23 сојузни држави, вклучително и главниот град и Порторико, се откажаа од смртната казна на локално ниво. Според Информативниот центар за смртни казни, годинава се извршени три егзекуции, а 17 во 2020 година. Според Центарот, во октомври 2020 година, бројот на осудени на смрт во САД надмина 2.500 лица. ссм/

Остани поврзан