• четврток, 26 декември 2024

САД: Полициски оддел што го инспирираше „Закон и ред“ под истрага

САД: Полициски оддел што го инспирираше „Закон и ред“ под истрага

Њујорк, 1 јули 2022 (МИА) - Американското Министерство за правда поведе истрага против одделот на Њујоршката полиција, којшто ја инспирираше хит-серијата „Закон и ред: Оддел за жртви“, иронично - поради третманот на жртвите од сексуален напад.

„Наводите против одделот вклучуваат неизвршување на основната истражна работа и наместо тоа, срам и злоставување на преживеаните и нивно повторно трауматизирање за време на истрагата... Жртвите на сексуалните злосторства ги заслужуваат истите ригорозни и непристрасни истраги за нивните случаи што Њујоршката полиција им ги обезбедува на другите категории на злосторства“, се вели во соопштението на американското обвинителство на Њујорк. Градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, кој е поранешен началник на полицијата, како и сегашниот началник Кичант Сјуел, изјавија дека ќе соработуваат со истрагата. Њујоршката полиција е најголемата општинска полиција во САД - со приближно 36.000 униформирани службеници и 19.000 административни службеници. „Закон и ред: Оддел за жртви“ (Law & Order: Special Victims Unit) е дел од прилично популарната група телевизиски серии со предзнак „Закон и ред“. Инспирирана токму од одделот за сексуални злосторства, оваа ТВ-серија се прикажува од 1999., а за септември оваа 2022 година е најавена 24-та сезона.  си/ссм/

Остани поврзан