• недела, 24 ноември 2024

САД покренаа истрага против Бритиш Американ Тобако

САД покренаа истрага против Бритиш Американ Тобако
Вашингтон, 14 април 2020 (МИА) – Американски регулатори покренаа истрага против Бритиш Американ Тобако (БАТ), сопственик на Фабриката за тутун Ровињ, поради сомнеж дека прекршил санкции, објавија денеска британските медиуми. Американското Министерство за правда и Канцеларијата за надзор на странски средства, агенција во составот на Министерството за финансии, почнале криминалистичка истрага против БАТ поради „сомнеж дека прекршил санкции“, објави лондонскиот весник „Тајмс“. Не е јасно на која земја или земји се фокусирале регулаторите, додава весникот. Ниту една од трите страни се уште нема коментар за истрагата. БАТ во годишниот деловен извештај, објавен во март, објави дека е запознаен со истрагите и дека соработува со Министерството и агенцијата во САД. Компанијата нагласи дека не може да ги процени потенцијалните финансиски последици од истрагата, но додаде дека би можеле да бидат значителни. Исто така соопшти дека не може точно да одреди кога истрагата би можела да заврши. јт/

Остани поврзан