• недела, 24 ноември 2024

САД подготвуваат нови санкции за блокирање на Северен поток 2

САД подготвуваат нови санкции за блокирање на Северен поток 2
Вашингтон, 24 декември 2020 (МИА) - Кабинетот на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп подготвува нова рунда санкции што може да му нанесат последен удар на проектот за гасоводот „Северен поток 2“, изјавија тројца официјални претставници. „Имавме удар по удар во низа, а сега нашата единствена цел е срцето на проектот“, рече еден од претставниците. Русија овој месец ја продолжи изградбата на гасоводот вреден 9,5 милијарди евра, по пауза од една година, предизвикана од санкциите на САД. Проектот е 90 проценти завршен. Работите неодамна се фокусираа на поставување цевки на потег од 2,6 километри во плитките води на ексклузивната економска зона на Германија. Повеќето од преостанатите 100 километри од недовршената траса се наоѓаат во длабоките води покрај Данска. Вашингтон тврди дека проектот ќе ја загрози европската енергетска безбедност, а Москва посочува дека американските санкции се „нелојална конкуренција“ и треба да им помогнат на американските производители на течен природен гас. „Русија ќе го заврши гасоводот“, велат тие. паг/        

Остани поврзан