• недела, 29 декември 2024

САД подготвени за преговори со Русија за нуклеарното вооружување, по преземените контрамерки откако Путин го запре СТАРТ 3 

САД подготвени за преговори со Русија за нуклеарното вооружување, по преземените контрамерки откако Путин го запре СТАРТ 3 

 

Вашингтон, 2 јуни 2023 (МИА) Белата куќа е подготвена на преговори за идна рамковна основа за контрола на нуклеарното оружје без прелиминарни услови, и покрај тоа што Вашингтон презема контрамерки во одговор на решението на Русија да го запре дејството на последниот договор за контрола на атомското оружје склучен меѓу двете страни. 

 

Џејк Саливан, советник за национална безбедност во Белата куќа, во својот настап пред Асоцијацијата за контрола на вооружувањето денеска се очекува да даде до знаење дека администрацијата на претседателот Џо Бајден сака да започне преговори за создавање нова рамковна основа. 

 

Ова го соопшто анонимен американски топ службеник на админстрацијата запознат со текстот на настапот. 


Рускиот претседател Владимир Путин во февруари објави дека го запира важењето на договрот СТАРТ 3, што меѓудругото предвидува вршење заемни инспекции на атомските глави и ракети. Тој тогаш изјави дека Москва ќе ги запазува ограничувањата за количините на атомското оружје согласно договорот. 

Стејт департментот вчера објави контрамерки на чекорот на Путин. Контрамерките, четири на број, вклучуваат истапување од споделувањето инфрмации два пати годишно, прекин на известувањато до Москва, недозволување инспекции и необезбедување телеметриски информации на лансирањата на интерконтинетални и подморнички балистички проектили. кб/ 

Остани поврзан