• недела, 24 ноември 2024

САД повторно побараа од Турција да се ослободи од руските ракетни системи С-400

САД повторно побараа од Турција да се ослободи од руските ракетни системи С-400
Вашингтон/Анкара, 15 февруари 2021 (МИА) - Шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, и неговиот американски колега, државниот секретар, Ентони Блинкен, денеска телефонски разговараа за системите за противвоздушна одбрана С-400, што Турција ги купи пред две години од Русија. „Државниот секретар Блинкен ја повика Турција да не ги остава руските ракетни системи земја-воздух С-400 во земјата, се наведува во соопштението на Стејт департментот. Покрај тоа, двајцата министри за надворешни работи разговараа и за важноста на билатералните односи меѓу САД и Турција, заедничките интереси во борбата против тероризмот, важноста на демократските институции, инклузивната моќ и почитувањето на човековите права. Блинкен изрази поддршка за разговорите меѓу Анкара и Атина за ситуацијата во источен Медитеран. сд/

Остани поврзан