• сабота, 23 ноември 2024

САД планираат да ја укинат поддршката за офанзивни операции во Јемен

САД планираат да ја укинат поддршката за офанзивни операции во Јемен
Вашингтон, 4 февруари 2021 (МИА) - Џејк Саливен, советник за национална безбедност на американскиот претседател Џо Бајден, денеска најави промена на политиката на САД кон Јемен односно укинување на поддршката за офанзивните операции. Но, Саливен посочи дека тоа не се однесува на операциите против Ал Каеда на Арапскиот Полуостров. За време на претседателските мандати на Барак Обама и Доналд Трамп, САД ја поддржуваа коалицијата предводена од Саудиска Арабија против бунтовниците во Јемен Војната во Јемен помеѓу бунтовниците Хути, поддржани од Иран и провладините сили ескалираше во март 2015 година, кога воена коалиција предводена од Саудиска Арабија интервенираше против бунтовниците, кои контролираат поголем дел од земјата, вклучително и главниот град Сана. Во судирите убиени се над 110.000 луѓе, приближно четири милиони лица се раселени, а 80 проценти од 29-милионското население е зависно од хуманитарната помош. ми/

Тагови

Остани поврзан