• петок, 27 декември 2024

САД: Пензионерка си уплатила за тригодишно крстарење од 90.000 евра

САД: Пензионерка си уплатила за тригодишно крстарење од 90.000 евра

Лос Анџелес, 8 мај 2023 (МИА) - Пензионерката Шерон Лејн од Калифорнија (САД) не размислувала долго откако нејзина пријателка ѝ предложила крстарење кое чини 90.000 евра и ќе трае три години.

- Малку ја предизвикувам судбината, но знам дека ќе има место за мене овде кога ќе се вратам. Или можеби ќе останам и ќе живеам во друга земја. Не знам. Небото е граница!, изјави пензионирката.

Лејн им препорачува и на другите луѓе да одат некаде и да уживаат во животот, исто како и таа самата.

- Не бидете дома. Домот е местото каде што е срцето, но домот може да биде и таму каде што ќе ја ставите Вашата капа. Качете се на брод, авион или влезете во автомобил и одете некаде, рече таа.

Сè почнало во ноември, а намерата на  е да посети разни и различни места низ светот. Нејзиниот сон е да живее на брод, но голем проблем отсекогаш ѝ биле трошоците за таквиот начин на живот. Сепак, сега одлучила дека ги има потребните пари да патува низ целиот свет. Целото патување ќе ја чини 90.000 евра. си/ми/

Фото: Фотоиечок, Фејбук-објава.

Остани поврзан