• вторник, 19 ноември 2024

САД остро го осудија руското ракетирање на украинското пристаниште Рени на Дунав

САД остро го осудија руското ракетирање на украинското пристаниште Рени на Дунав

Вашингтон, 23 јуни 2023 (МИА) - САД изразија остра осуда за „ескалаторските“ напади на Русија врз украинското пристаниште Рени на Дунав и уништувањето таму на склад со житарици.

Од Стејт департментот соопштија дека Москва подготвува можни напади на бродови во Црното Море за да го обвини Киев за тоа. Украина го користи ова пристаниште како алтернатива за извоз на земјоделски производи и жито, а по излегувањето на од Русија Црноморскиот договор за жито.

-Последиците од руските напади во Украина врз остатокот од светот се сосема јасни, овие злобни напади уште еднаш укажуваат на тоа дека Русија ја користи храната како оружје во својата незаконска војна против Украина, портпаролот Метју Милер изјави на денешниот брифинг.

Тој додаде дека САД и сојузниците нема да ја намалат помошта што ја даваат за Украина да се одбрани од руската агресија и работат на тоа да се обнови црноморскиот договор за извоз на жито.

Милер укажа и дека Русија подготвува „тајни напади под прикритие“ на бродови во Црното Море за потоа да ја обвини Украина и ја повика Москва да се врати во црноморскиот договор.

-Денеска се случи нападот на пристаништето на Дунав … Продолжуваме да се консултираме со нашите партнери да се изнајдат алтернативни патишта за изнесување на житото од Украина, изјави Милер.

Во меѓувреме државниот секретар Ентон Блинкен во телефонски разговор денеска со министерот за надворешни работи на Романија Одобеску укажа на решителната поддршка за Украина и Молдавија, глобалната безбедност на храната и соработка за безбедност во Црното Море.

-Двајцата разговараа за силното американско-романско стратешко партнерство и можностите за продолжителна билатерална и мултилатерална соработка, вклучувајќи ја колективната безбедност и истрајната поддршка за Украина и Молдавија, глобалната безбедност на хранат и соработка за безбедност во Црното Море, се вели во соопштението. кб/

Остани поврзан