• вторник, 24 декември 2024

САД одобрија потенцијална продажба на воена опрема на Украина во вредност од 100 милиони долари

САД одобрија потенцијална продажба на воена опрема на Украина во вредност од 100 милиони долари

Вашингтон, 17 мај 2024 (МИА) – Стејт департмент одобри потенцијална продажба на американска воена опрема за Украина во вредност од 100 милиони долари, соопшти Пентагон.

Во соопштението се истакнува дека Стејт департментот и одобрил на Украина потенцијалната продажба на опрема за копнено надгледување од НАТО, како и за поддршка и друга опрема за таа програма во висина од 250,2 милиони американски долари.

Главен продавач на воена опрема ќе биде американската одбранбена компанија „Нортроп Граман“ (Nortrop Graman). ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан