• недела, 24 ноември 2024

САД одбележуваат 50-годишнина од Денот на планетата Земја, со повик Кина да ги затвори „мокрите пазари“

САД одбележуваат 50-годишнина од Денот на планетата Земја, со повик Кина да ги затвори „мокрите пазари“
Вашингтон, 22 април 2020 (МИА) - По повод 50-годишнината од Денот на планетата Земја, САД истакнуваат дека се светски лидер во заштита на природата и во промоција на чист воздух и вода за време на економски растеж, но предупредуваат за последиците од трговијата со диви животни, „напаст која одигра клучна улога во ширење на коронавирусот“, јави дописникот на МИА од Вашингтон. Во денешното соопштение на Стејт департменот по повод одбележување на овој ден се истакнува за опасните последици од трговијата со диви животни. - „Мокрите пазари“, места каде дивите животни се продаваат за конзумација од страна на човекот, се жaришта на оваа трговија и создаваат ризици за појава и ширење на болести. Тие можеби играле клучна улога во ширењето на Ковид-19, изјави американскиот државен секретар Мајк Помпео. Тој ја повика Кина и другите земји да ги затворат „мокрите пазари“ за продажба на диви животни, како чекор кон намалување на ризиците по здравјето на човекот во и надвор од Кина и да се обесхрабри конзумирање месо од диви животни и други слични продукти. - Ги повикуваме сите земји да се придружат да ставиме крај на напаста каква што е трговијата со диви животни, истакна Помпео. Двопартиска група конгресмени претходно во писмо до кинескиот амбасадор во САД, исто така повика Кина да ги затвори „мокрите пазари“. Вакви повици дојдоа и од ОН, од каде се бара меѓународна забрана за места каде се продаваат егзотичен дивеч за конзумирање. За време на епидемијата, Пекинг ги затвори сите вакви точки на продажба на свежо месо од егзотичен дивеч, но многу од тие места започнаа со работа откако во земјата почнаа да се укинуваат мерките за карантин. САД имаат постигнато огромни успеси во заштита на животната средина и Помпео затоа ги истакна напорите на американската Агенција за заштита на природната околина (ЕПА), Националната администрација за океан и атмосфера (НОАА), кои исто така одбележуваат 50 годишнина, како и програмата на НАСА, Глобално знаење и набљудување во корист на природата (ГЛОБЕ), која одбележува 25-годишнина, а преку која студенти и научници од целиот свет придонесуваат во заштитата на природата на глобално ниво. кб/

Остани поврзан