• недела, 24 ноември 2024

САД не одобрија визи за повеќе од илјада кинески студенти

САД не одобрија визи за повеќе од илјада кинески студенти
Вашингтон, 10 септември 2020 (МИА) - САД не ги одобрија визите за повеќе од 1.000 кинески студенти и истражувачи, кои се сметаат за безбедносен ризик, изјави портпаролката на Стејт департментот. Потегот на Соединетите Американски Држави следеше по претседателскиот проглас на Доналд Трамп во мај годинава, кој има за цел да го суспендира влезот на кинески граѓани за кои постои сомневање дека се поврзани со војската, пренесува Би-Би-Си. Трамп тогаш рече дека тие украле некои податоци и интелектуална сопственост. Стејт департментот не ја објасни подетално оваа одлука, а Кина не даде коментар. Речиси 370.000 студенти од Кина се запишаа на американските универзитети во периодот од 2018 до 2019 година. Портпаролката на Стејт департментот ги опиша оние на кои не им беше дозволена виза како „високо ризични постдипломски студенти и истражувачки стипендисти“. Таа додаде дека тие се мал дел од вкупниот број кинески студенти во САД. - Ние продолжуваме да ги поздравуваме легитимните студенти и стипендисти од Кина, кои не помагаат во целите на воената доминација на кинеската Комунистичка партија, порача портпаролката. паг/

Остани поврзан