• среда, 18 декември 2024

САД нема да ја менуваат својата нуклеарна доктрина по изјавите на Путин

САД нема да ја менуваат својата нуклеарна доктрина по изјавите на Путин

Вашингтон, 13 март 2024 (МИА) САД нема да ја менуваат својата нуклеарна доктрина по најновите изјави на Владимир Путин во однос на нуклеарното оружје, изјави денеска службеник во администрацијата, пренесуваат американските медиуми.

Во изјавата се истакнува дека Вашингтон не гледа никакви признаци за тоа дека по тие коментари Русија се спрема да примени нуклеарно оружје во Украина.

Според службеникот, „како што изгледа Путин ја пренесува руската нуклеарна доктрина според која Русија може да примени нуклеарно оружје ако е под закана се најде нејзиниот суверенитет.

Портпаролот на Советот за национална безбедност Едријан Вотсон изјави дека „нуклеарната реторика на Русија беше и останува безрасудна и неодговорна во текот на целиот овој конфликт“.

-Русија жестокот ја нападна Украина без провокација или оправдување и ние мораме да продолжиме да ја подржуваме Украина затоа што таа го заштитува својот народ и својота суверена територија од руската агресија, изјави Вотсон. кб/

Остани поврзан