• понеделник, 23 февруари 2026

САД на полноќ ќе престанат да ги наплаќаат царините кои Врховниот суд ги укина во петокот

САД на полноќ ќе престанат да ги наплаќаат царините кои Врховниот суд ги укина во петокот

Вашингтон, 23 февруари 2026 (МИА) – Американската агенција за царина и гранична заштита денеска соопшти дека на полноќ ќе ја прекине наплатата на царините кои минатата година беа воведени според Законот за меѓународни вонредни економски овластувања, кои Врховниот суд на САД пред три дена ги прогласи за незаконски.

Агенцијата во порака на својата служба за размена на пораки Cargo Systems (CSMS) соопшти дека од утре, односно една минута по полноќ, ќе ги деактивира сите царински кодови за наплата на царини според претходната наредба на американскиот претседател Доналд Трамп, по Законот за меѓународни вонредни економски овластувања (ИЕЕПА).

Суспензијата на наплатата на царините ИЕЕПА се совпаѓа со воведувањето од страна на Трамп на новата глобална царина од 15 проценти, според друго законско овластување со кое Трамп воведе царини кои ќе ги заменат оние кои Врховниот суд ги укина во петокот.

Агенцијата не наведе причина зошто продолжила да ги наплаќа царините во пристаништата неколку дена по пресудата на Врховниот суд. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан