• вторник, 24 декември 2024

САД најавија меѓународна соработка за зајакнување на транспарентноста на правните субјекти

САД најавија меѓународна соработка за зајакнување на транспарентноста на правните субјекти

Вашингтон, 28 март 2023 (МИА) - Министерката за финансии Џенет Јелен денеска објави дека САД покренуваат меѓународна иницијатива за создавање регистар на „корисна сопственост на правни лица“ во кој ќе учествуваат повеќе од 20 странски влади, со цел да се започне поефикасна борба против корупцијата.

Јелен објасни дека новата иницијатива повлекува формирање Работна група за финансиски активности за транспарентност и корисна сопственост на правните лица, за време на Самитот за демократија организиран од Стејт департментот. Според таа меѓународна иницијатива, од земјите потписнички ќе се бара да ги ажурираат своите национални закони и регулаторни рамки за да обезбедат дека агенциите за спроведување на законот и другите надлежни органи имаат ефективен пристап до информациите за вистинската сопственост.

„Целта на иницијативата е да им отежне на корумпираните субјекти да го сокријат својот идентитет, имот и криминални активности во рамките на нетранспарентни корпоративни структури и фиктивни правни лица“, објасни Јелен. паг/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан