• вторник, 19 ноември 2024

САД најавија казнени мерки против поединци во Камбоџа поради изборите

САД најавија казнени мерки против поединци во Камбоџа поради изборите

Пном Пен, 24 јули 2023 (МИА) - САД најавија казнени мерки против поединци во Камбоџа затоа што сметаат дека изборите одржани во неделата „не биле слободни и фер“, а денеска партијата СПП, која владее со години, објави убедлива победа.

Американскиот Стејт департмент соопшти дека „презел чекори“ за воведување визни ограничувања за „поединци кои ја поткопуваат демократијата“.

Портпаролот на американската амбасада во Пном Пен, Мајкл Гринвалд, рече дека визните ограничувања ќе важат за луѓето кои се вклучени во „закани и малтретирање на членови на опозицијата, медиумите и граѓанското општество“, но не прецизираше кои се тие и колку ги има.

Регионалната групација Сојуз на нациите од Југоисточна Азија (АСЕАН) ги повика сите демократии да ги осудат изборите.

Автократскиот лидер на Камбоџа, премиерот Хун Сен, кој владее 38 години, најави дека ќе му ја предаде власта на својот најстар син, генералот Хун Манет, сега началник на армијата.

САД и другите западни земји, како и Европската унија, одбија да испратат набљудувачи на изборите, велејќи дека нема услови тие да се сметаат за слободни и фер. Русија и Кина беа меѓу оние кои испратија набљудувачи. паг/

Фото: ЕПА

 

 


 

Остани поврзан