• недела, 24 ноември 2024

САД: Келнерка открива кој од славните е скржав за бакшиш

САД: Келнерка открива кој од славните е скржав за бакшиш
Лос Анџелес, 5 ноември 2020 (МИА) - Келнерка од Њујорк, открива кој од познатите лица во САД е најдобар, а кој најлош и најскржав муштерија... Како вработена во познат елитен ресторан, Лора Месробијан имала чест да прими нарачки од голем број познати личности, и како што вели, непријатно е сознанието дека некој што скоро и го обожаваш, „не сака да пушти срце“ за бакшиш... Не кажува конкретно кој е тоа, но во своите Тик-Ток видеа, девојката говори за Џејк Џиленхол, Грета Гервиг, Глен Клоуз... - Џејк е плачко-муштерија. Постојано негодува за нешто, а и никогаш не плати кога беше на вечера со пријателите, раскажува Лора. Првото нејзино видео собра скоро 100.000 прегледи. Потоа таа говореше и за глумицата Грета Гервиг. - Со неа, тотално, би се забавувала цела вечер. Се радував на нејзиното присуство, вели Лора. Но, партнерот на Гервиг - Ноа Бомбак, не ѝ бил толку забавен на келнерката. Потоа, девојката која на Тик-Ток платформата се потпишува како @lauramesrob, говореше и за Џулијан Мур и Френсис Мекдорманд.  си/

Остани поврзан