• четврток, 17 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

САД и Филипините почнаа заеднички вежби за подобрување на стратешко одвраќање

САД и Филипините почнаа заеднички вежби за подобрување на стратешко одвраќање

Манила, 7 април 2025 (МИА) – Филипинските и американските воздухопловни сили денеска почнаа заеднички вежби со цел зајакнување на оперативната координација и „стратешкото одвраќање“, соопштија филипинските власти.

- Подобрувањето на борбената готовност и ефикасноста на заедничката мисија ќе биде во центарот на оперативната вежба наречена „Cope Thunder“, рече началникот на филипинските воздухопловни сили Артур Кордура на церемонијата на отворање на вежбата.

Манила и Вашингтон ја зајакнаа одбранбената соработка откако филипинскиот претседател Фердинанд Маркос ја презеде функцијата во 2022 година. Тој се противи на територијалните претензии на Пекинг во Јужното Кинеско Море.

Кина тврди дека има суверенитет над голем дел од островите и гребените во ова море, вклучувајќи ги и водите и островите во близина на бреговите на неколку соседни земји.

САД минатата недела одобри продажба на 20 борбени авиони Ф-16 на Филипините, иако Манила рече дека договорот е „сè уште во фаза на преговори“.

- Темпото на нашиот сојуз се забрзува, рече американскиот генерал-мајор Кристофер Шепард на церемонијата.

Вежбите, кои ќе траат до 18 април, ќе бидат на островот Лузон, регионот на Филипините најблиску до Тајван. јт/

Фото: Филипински воздухопловни сили на Х

Остани поврзан