• четврток, 20 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

САД и сојузниците се обврзуваат на колективна акција против земање заложници

САД и сојузниците се обврзуваат на колективна акција против земање заложници

Вашингтон, 19 март 2025 (МИА) - Претставниците на Соединетите Држави и шесте сојузнички земји ветија дека ќе се борат заедно на глобално ниво против земање заложници и неправедно притворање, се вели во заедничката изјава по разговорите во државата Монтана.

-Ние сме обединети во нашето барање за итно и безусловно ослободување на сите заложници, се вели во соопштението.

Американскиот специјален пратеник Адам Болер претседаваше со разговорите во понеделникот и вторникот во Биг Скај, Монтана, со колеги од Австралија, Австрија, Канада, Германија, Израел и Обединетото Кралство.

Тие разговараа за размена на информации за приведените и други заеднички напори за ослободување на нивните граѓани притворени ширум светот.

-Ние нема да штедиме напори, во согласност со меѓународното право, да ги вратиме заложниците и неправедно или произволно приведените дома и да ги одвратиме таквите идни дејствија, се вели во соопштението, без да се наведат конкретни детали.

Болер, кој беше вклучен во напорите што доведоа до ослободување на американскиот учител Марк Фогел од Русија минатиот месец, во изјавата рече дека состанокот се фокусирал на „како да се поддржи личната слобода и да се запрат киднаперите кои се обидуваат да ја одземат“.

-Групата вети дека ќе работи колективно на „идентификување и распоредување на секоја дипломатска, економска и стратешка алатка што ни е на располагање за да ги вратиме овие луѓе дома, истовремено одвраќајќи ги идните такви акции, рече претставник на американскиот Стејт департмент. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан