• сабота, 23 ноември 2024

САД и сојузниците: Кина води засилено врбување на западни пилоти на ловци

САД и сојузниците: Кина води засилено врбување на западни пилоти на ловци

Вашингтон, 6 јуни 2024 (МИА) - Кинеската армија најверојатно ги засилува обидите за врбување актуелни и поранешни западни пилоти на ловци со примена на нови и поусовршени тактики за да намами западни специјалисти во своите редови, се вели во билтенот „Пет очи“ (Five Eyes) што го издаваат разузнавачките служби од алијансата составена од САД, Велика Британија, Канада, Австралија и Нов Зеланд.

Разузнавачите од овие земји предупредуваат дека Народно-ослободителната армија на Кина користи приватни компании, вклучувајќи фирми за наем на кадри, за западните пилоти да не знаат дека се поврзуваат со кинески воени служби сѐ додека не стане предоцна.

Се врбуваат пилоти од Канада, Велика Британија, Франција, Германија, САД или од други западни земји.

Според САД и сојузниците, Кина сака ефективна обука на своите пилоти на ловци, и истовремено да добие поцелосна претстава за работата на западните воено-воздушни сили. Тоа може да биде негативно за предностите на Западот или дури и да ги рашири можностите на кинеските ловци во случај на конфликт, се вели во билтенот. кб/мс/

Остани поврзан