• четврток, 09 април 2026

Кинески државни медиуми: САД и Иран да го искористат „тесниот прозорец“ за мировни разговори

Кинески државни медиуми: САД и Иран да го искористат „тесниот прозорец“ за мировни разговори

Пекинг, 8 април 2026 (МИА) – Кинеските државни медиуми ги повикаа САД и Иран да го искористат „тесниот прозорец“ отворен со двонеделното примирје за да започнат мировни разговори, предупредувајќи дека прекинот на огнот лесно може брзо да се претвори во нов конфликт.

Примирјето „не е мир, но е можност“, објави весникот „China Daily“, предупредувајќи дека двете страни би можеле да влезат во искушение да го искористат прекинот на огнот за воено прегрупирање. Погрешни чекори би можеле да предизвикаат подолга и подлабока криза, се додава.

Весникот „Global Times“ поддржан од Комунистичката партија оцени дека американските сили остануваат подготвени да ги продолжат борбите, додека иранските трупи се уште се „со раката на чкрапалото“. Доколку преговорите се користат само за да се добие време, конфликтот може повторно да ескалира во секој момент, наведува „Global Times“.

Кинеските медиуми ги истакнуваат и дипломатските напори на Пекинг за надминување на кризата, наведувајќи дека Кина од почетокот на конфликтот води интензивна дипломатија и ќе продолжи да игра конструктивна улога. аб/сд

фото/МИА архива

Остани поврзан