• среда, 25 декември 2024

САД и Израел ќе одржат виртуелен состанок за да разговараат за Рафа

САД и Израел ќе одржат виртуелен состанок за да разговараат за Рафа

Вашингтон, 1 април 2024 (МИА) - САД и Израел денеска ќе одржат виртуелен состанок на кој ќе разговараат за плановите на израелските вооружени сили за офанзива против градот Рафа во Појасот Газа, јави .информативниот сајт „Аксиос“, кој се повикува на тројца претставници на Израел и САД.

Според „Аксиос“, на средбата ќе учествуваат советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан, претставници на Пентагон, Стејт департментот и американските разузнавачки служби.

Од израелска страна ќе учествуваат министерот за стратешки прашања Рон Дермер, претседателот на Советот за национална безбедност Цахи Ханегби, претставници на Министерството за одбрана и разузнавачките служби.

Се очекува наскоро ќе се одржи и лична, физичка, средба на претставниците на двете земји.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди дека Израел продолжува да се подготвува за операција во Рафа, кој се наоѓа на границата на Појасот Газа со Египет, за да постигне конечна победа во војната против палестинското исламистичко движење „Хамас“. Меѓународната заедница, вклучително и САД, бара Израел да најде алтернативи за планираната копнена операција во Газа, стравувајќи од уште поголема хуманитарна катастрофа. ссм/

фото: архива

 

Остани поврзан