• сабота, 22 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

САД и Израел следната недела во Белата куќа ќе разговараат за иранската нуклеарна програма

САД и Израел следната недела во Белата куќа ќе разговараат за иранската нуклеарна програма

Вашингтон, 20 март 2025 (МИА) - Соединетите држави и Израел следната недела во Белата куќа ќе одржат стратешки разговори за иранската нуклеарна програма, објави Аксиос.

Според двајца израелски и еден американски функционер, цитиран од Аксиос, израелскиот министер за стратешки прашања Рон Дермер и советникот за национална безбедност Цачи Ханегби ќе бидат дел од израелската делегација. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан