• четврток, 26 декември 2024

САД и Израел имаат заеднички став за истрагата на Меѓународниот кривичен суд

САД и Израел имаат заеднички став за истрагата на Меѓународниот кривичен суд

Вашингтон, 5 март 2021 (МИА) - Американската потпретседателка Камала Харис во вчерашниот телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја потенцира посветеноста на САД на безбедноста на Израел во момент кога земјата се соочува со официјална истрага на Меѓународниот кривичен суд.

Во соопштението од Белата куќа се истакннува дека Харис и Нетанјаху го потврдиле дека се против обидите на Меѓународниот кривичен суд да ја спроведе својата надлежност над израелските државјани. Обвинителката Фату Бенсуде на 3 март соопшти дека покренала истрага за наводните злосторства извршени на палестинските територии. Таа истакна дека истрагата ќе се води „независно, непристрасно и објективно“.

Бенсуде уште во 2019 година изјави дека постои „разумна основа“ за да се покрене истрага за воените злосторства извршени за време на израелските воени акции во Појасот Газа и при ширењето на еврејските населби на окупираниот Западен Брег.

Судот ќе се фокусира на клучната политика на Израел во изминатите години, воените операции против палестинските екстремисти во Појасот Газа, особено за време на војната во 2014 година и изградбата на еврејски населби на Западниот Брег и анектираниот Источен Ерусалим.

Нетанјаху одуката на Бенсуде за покренување на истрага ја оцени како „лицимерие и антисемитизам“. ми/

Остани поврзан