• четврток, 26 декември 2024

САД испратија бомбардери на Блиски Исток

САД испратија бомбардери на Блиски Исток
Вашингтон, 11 декември 2020 (МИА) - Американската армија испрати два бомбардера Б-52Х на Блиски Исток во рамките на одвраќањето на потенцијалните напади од Иран, се наведува во соопштението на американската Централна команда (ЦЕНТЦОМ), која ги надгледува воените операции на Блиски Исток. - Летот не се однесува на некаква навредлива акција, се работи за одвраќање на Иран од акција, изјави неименуван американски воен претставник. Тој додаде оти американската армија неодамна забележала „загрижувачки индикатори во Иран“ односно дека Техеран или сили поврзани со него можеби планираат напади. - Тие показатели заедно со континуираното намалување на бројот на американските трупи во Ирак и престојната годишнина од убиството на командантот на иранските елитни сили Кудс, Касем Сулејмани создаваат „натпросечен“ ризик од погрешна проценка на Иран, истакна неименуваниот американски претставник. Двата бомбардери Б-52Х полетаа од базата Барксдејл во Лујзијана. - Способноста на летање на стратешките бомбардери преку половина свет во непрекидна мисија и брза интеграција со повеќе регионални партнери ги покажува нашите блиски односи и нашата заедничка посветеност на регионалната безбедност и стабилност, се наведува во соопштението на ЦЕНТЦОМ. ми/

Остани поврзан