• недела, 17 ноември 2024

САД: Иран ќе се соочи со значајни последици ако испорача балистички проектили на Русија

САД: Иран ќе се соочи со значајни последици ако испорача балистички проектили на Русија

Вашингтон, 12 август 2024 (МИА) - САД денеска упатија предупредување дека Иран ќе се соочи со значајни последици ако одлучи да испорача стотици балистички проектили на Русија.

- Подготвени сме да дадеме брз и силен одговор ако Иран се впушти во пренос на балистички ракети, изјави пред новинарите во Вашингтон, портпаролот на американскиот Стејт департмент, Ведант Пател.

Според него, САД веруваат дека тоа „ќе претставува сериозна ескалација на иранската поддршка на рускиот агресивен напад против Украина“. ссм/

фото: архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан